сабота, 27 април 2024

Америка го јакне присуството на НАТО во Европа: грчко пристаниште преполно со борбени возила „бредли“ и „абрамс“ (ФОТО)

Товарниот брод на американската воена морнарица Лирој А. Мендоница испорачал десетици оклопни возила во пристаништето Александрополис во северна Грција во рамки на военото јакнење на НАТО во Европа, пренесува порталот Еникос.

Фото: Икс

Објавено на

часот

Сподели

„Тенковите „абрамс“ и оклопните возила „бредли“ се истоварени од бродот“, наведува грчкиот медиум.

Се додава дека во пристаништето е завршено и префрлањето на копнените единици на оружените сили на САД, спроведено во рамки на соработката со европските сојузници за „заштита од заканите за општата безбедност на регионот“.

Еникос го истакнува огромното значење на пристаништето Александрополис за САД и НАТО, напоменувајќи дека таму претходно биле истоварени повеќе од 3.000 парчиња вооружување и тешки возила, кои биле префрлени во источна Европа, одминувајќи го мореузот Дарданели.

Претходно агенциите пренесоа дека Романија ја почнала изградбата на најголемата НАТО база во Европа.

Новата база ќе може да прими до 10.000 воени лица и помошен персонал, а вкупната површина на објектот ќе биде околу 3.000 хектари. Цената на изградбата на објектот е проценета на 2,5 милијарди евра.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ