сабота, 27 јули 2024

Америка до Србија: Ќе мора да се соочите со резолуцијата за Сребреница

Соединетите Американски Држави ѝ порачаа на Србија, по повод резолуцијата за геноцид во Сребреница, чие усвојување се очекува на Генералното собрание на Обединетите нации, дека е „неопходно соочување со вистината“, за што „Вашингтон ќе му помогне на Белград“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Помошникот на американскиот државен секретар за европски и евроазиски прашања Џејмс О’Браен истакна, по разговорот со српскиот претседател Александар Вучиќ во Белград, дека Вашингтон сака САД и Србија да го продолжат долгогодишното пријателство.

О’Браен кажа дека во Сребреница е извршено „кривично дело и злосторство“ и дека многу извршители во судската постапка се осудени, но дека денес е потребно да се соочи со вистината.

Вучиќ, зборувајќи за резолуцијата за Сребреница, кажа дека е исклучително загрижен бидејќи знае дека таа резолуција ќе ги наруши односите во регионот. Тој истакна дека Србија ќе се бори против усвојувањето на резолуцијата за геноцид во Сребреница на Генералното собрание на Обединетите нации.

„Знаеме дека сме мали, знам дека Америка е суперсила, но ние ќе се спротивставиме на тоа насилство над српската држава и српскиот народ“, кажа Вучиќ.

Српскиот претседател истакна дека Србија е во исклучително тешка политичка ситуација бидејќи „плаќа висока цена“ поради геополитичката ситуација, пред сè поради односот кон конфликтот во Украина, санкциите кои не сака да ѝ ги воведе на Русија, и поради Косово кое има силна западна поддршка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ