петок, 26 јули 2024

Америка: Четворица полицајци загинаа додека доставуваа налог за апсење, четворица беа ранети

Четворица полицајци загинаа, четворица се ранети во престрелка кога доставувале налог за апсење поради поседување огнено оружје во градот Шарлот во американската сојузна држава Северна Каролина.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Една група полицајци била нападната при доставување на налогот, потоа дошла друга група полицајци и го убиле напаѓачот, по што друг напаѓач отворил оган врз нив, пренесува Асошиејтед прес.

Началникот на полицијата Џони Џенингс изјави дека по тричасовно пукање полицијата интервенирала со оклопни возила и упаднала во куќата каде биле пронајдени жена и 17-годишно момче. Тие во моментов се под истрага.

Американскиот претседател Џозеф Бајден бил информиран за инцидентот и телефонски разговарал со градоначалникот на Шарлот Ви Лајлс, според Асошиејтед прес.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ