сабота, 27 јули 2024

Америка: Четири лица загинаа во невреме во Хјустон (ВИДЕО)

Силна бура со урагански ветрови го погоди Хјустон вчера при што четири лица загинаа. Две лица загинаа кога врз нив паднале стебла соборени од ветрот, кој за време на невремето достигна брзина и до 160 километри на час, пренесува АП.

Фото: скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Поголемиот дел од центарот на Хјустон и неговата комерцијална област се затрупани со урнати далноводи и стакло од скршените прозорци по невремето, а сообраќајот и уличните светла низ градот не работат, рече градоначалникот Џон Витмајр во интервју за локалната телевизија КРИВ.

Витмајр од градскиот оперативен центар за итни случаи рече дека невремето што го погодило Хјустон, најнаселениот урбан центар во Тексас на брегот на Мексиканскиот залив, било со ветрови од 129 до 161 километар на час.

„Пораката сега е да останеме дома“, повика тој, додавајќи дека државните училишта ќе бидат затворени во петок и дека локалните власти бараат од сите работници кои не работат на итни позиции да земат слободен ден.

Градоначалникот потврди најмалку четири смртни случаи поврзани со невремето, главно од соборени дрвја. „Над 800.000 семејства во моментов се без струја“, додаде тој.

Градоначалникот рече дека лошото време ги изненадило повеќето жители и дека тој бил на бејзбол натпревар од мала лига кога зафатило невремето при што имале многу малку време да се евакуираат.

Националната метеоролошка служба исто така издаде предупредување за поплави во областа Хјустон поради обилните дождови поврзани со невремето.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ