сабота, 27 јули 2024

Амбасадорот на САД: Курти не одговори на нашите барања за намалување на тензиите на северот, ги анализираме нашите понатамошни акции

Објавено на

часот

Сподели

„Денес немаше активности за „Дифендер Јуроп 23“ и нема ни да ги има. За Косово тие вежби се завршени“, кажа Ховениер.

Тој го цитираше американскиот државен секретар Ентони Блинкен кој кажа дека овие акции ќе влијаат на односите на САД и Косово.

„Побаравме од (премиерот на Косово Аљбин) Курти да преземе чекори кон намалување на тензиите на северот. Тој не одговори на овие барања. Анализираме кои ќе бидат нашите следни акции“, додаде тој.

Истакна дека владата на Косово не се координирала со САД за акциите преземени во петокот, 26 мај, кога новоизбраните албански градоначалници во трите српски општини на северот влегоа во општинските згради.

Тој ден новите албански градоначалници на општините со српско мнозинство на северот на Косово – Зубин Поток, Лепосавиќ и Звечан – со помош на косовската полиција влегоа во зградите на општините, и покрај отпорот на локалното српско население.

„Кога дознавме, остро реагиравме против тоа. Одлуката негативно влијаеше на репутацијата на Косово и ги загрози напорите за нормализација на односите меѓу Косово и Србија“, кажа Ховениер.

Тој во Приштина зборуваше и за актуелното расположение во САД кон Косово.

„Морам да кажам дека САД немаат многу ентузијазам да реагираат на некои интереси на Косово во овој момент, како што е активната работа на унапредување на позицијата на Косово на евроатлантскиот пат“, кажа тој.

„Многу ни е жал што дојде до ова, но морам да бидам искрен, таква е ситуацијата. Се надеваме дека премиерот Курти ќе го послуша нашиот совет и веднаш ќе преземе чекори за намалување на тензиите на северот“, кажа американскиот дипломат.

Според него, намалувањето на тензиите ќе го врати вниманието на целосното спроведување на договорот за нормализација на односите меѓу Косово и Србија, договорен во февруари годинава во Брисел, а анексот за негова имплементација во март, во Охрид.

Американскиот амбасадор истакна дека САД имаат две барања од владата на Косово: да не инсистира градоначалниците да работат од општинските згради и да ги повлечат полицајците од трите општински згради на северот.

„Не разбираме зошто алтернативни локации, или други јавни згради, не можат да се користат за вршење на своите функции“, кажа Ховениер, наведувајќи го примерот дека началниците на општините на северот се заколнале на алтернативни локации.

„Сметаме дека присуството на косовската полиција во зградите, во кои насилно се влезе, е голем предизвик, па побаравме од владата да ја повлече полицијата од трите општински згради“, кажа тој.

Според Ховениер, овие акции би помогнале да се намалат тензиите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ