сабота, 21 декември 2024

Амбасадорот Мемеди со нота ја известил Италија дека валидните пасоши со Република Македонија не важат

Амбасадорот на Македонија во Рим, Весел Мемеди, со официјална нота ги известил италијанските власти дека и валидните патни исправи со името Република Македонија од 12 февруари се неважечки.

Објавено на

часот

Сподели

Со тоа, наместо да ги штити, амбасадорот постапил спротивно на интересите и правата на околу 100.000 македонски државјани што живеат во Италија, особено нивното право на слободно движење, како и загрозување на правото на постојан престој и дозвола за работа, што се врзани со валидноста на пасошите, реагира пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен министер за надворешни работи Антонио Милошоски.
Рој вели дека се работи за сериозен скандал затоа што ниту МНР, ни амбасадата, немаат право да прогласат за неважечки личен документ што не го издале тие, туку Министерството за внатрешни работи.
„Бидејќи амбасадите работат строго по инструкции добиени од МНР, се поставува прашањето дали министерот Османи или друг висок функционер од Министерството за надворешни му дале насоки за ваквата постапка на амбасадорот, валидните пасоши на македонските државјани да ги прогласи за неважечки?! Со овој потег, како и многу други, испаѓа дека МНР и амбасадорите од доверба на Бујар Османи претежно постапуваат во интерес на трети држави, наместо да се грижат и да ги штитат интересите на македонските државјани во странство“, вели Милошоски во реакцијата на својот фејсбук-профил.
Согласно со член 45 од Законот за надворешни работи, Владата треба да донесе одлука за отповикување на амбасадорот од Рим и во овој изборен период да назначи соодветен дипломат како вршител на должноста шеф на македонското ДКП во Италија. Политичка одговорност и оставка треба да се логична последица и за министерот доколку ваквата постапка се случила со знаење на МНР Бујар Османи, смета Милошоски.

Mедиумите деновиве јавија и за несоодветниот однос на конзулот на Македонија во Чикаго, кој, како што сведочат, се однесувал дрско и арогантно кон иселениците што дошле да побараат вадење документи со „Северна“.

„Вчера бевме со ќерка ми, толку бевме понижени што моравме да се извиниме. Никогаш нема да добиеме МК-пасош од страна на некојси Петрит Муслиу“, се пожали македонски граѓанин.

Македонските државјани што живеат во странство деновиве очајно бараат помош за излез од хаосот што власта го создаде со неважењето на нивните валидни пасоши.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ