сабота, 27 јули 2024

Амбасадорот Гир отиде во ВМРО-ДПМНЕ, таму го информирале за случаите на корупција на власта

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и потпретседателите Александар Николоски и Тимчо Муцунски го информираа амбасадорот Дејвид Гир за ситуацијата во Македонија, при што акцент во текот на разговорот се стави на корупцијата и криминалот, информираат од ВМРО-ДПМНЕ за средбата со амбасадорот на ЕУ во Македонија, Гир одржана во партиското седиште. Амбасадорот бил информиран за сознанијата на партијата дека речиси секој ден се појавува нов коруптивен скандал во кој се вклучени лица од Владата. 

Објавено на

часот

Сподели

„На средбата претседателот Мицкоски и потпретседателите Николоски и Муцунски укажаа на неспособноста на власта да се справи со кој било предизвик, уште помалку да развие политики на казнивост за сторителите на криминал и корупција. Претседателот Мицкоски укажа на лошата економска ситуација во која е државата и за зголеменото незадоволство и сиромаштија кај граѓаните“, информираат од ВМРО-ДПМНЕ.

д

На средбата станало и збор за идните проекти и цели од значење за граѓаните и државата, при што, како што е наведено во соопштението, акцент бил ставен на подобрување на квалитетот на живот на граѓаните. Станало збор и за  активностите на ВМРО-ДПМНЕ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ