понеделник, 21 октомври 2024

Амбасадорот Ангелов: Тоа што е договорено мора да се исполни, бугарската влада нема да преговара

Ќе имаме избори, но новата бугарска влада нема за што да преговара затоа што тоа што е договорено е договорено и мора да се исполни, изјави бугарскиот амбасадор Ангел Ангелов чиј мандат во Македонија завршува во петок.

Објавено на

часот

Сподели

„Веќе бев кај министерот Тимчо Муцунски за да си кажеме довидување. Ние сега имаме избори. Изборите ќе бидат на 27 октомври и се надеваме дека ќе добиеме влада со која што ќе можеме да влеземе во интензивен дијалог. Се разбира не преговори, затоа што преговори не може да има за нешто кое што е договорено. Тоа што е договорено мора да почне и да се исполнува. Ние географијата нема да ја менуваме и ќе останеме соседи. Ние треба да имаме интензивна комуникацијата, вклучувајќи ја и историската мисија“, изјави Ангелов.

Амбасадорот на Бугарија денеска заедно со министерот за здравство Арбен Таравари и градоначалникот на Ѓорче Петров Александар Стојковски извршија увид во градежните работи на првиот социјален клуб за адолесценти и возрасни со аутистичен спектар.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави дека наскоро ќе има промена кадровскиот состав на мешовитата македонско – бугаска комисија за историски прашања. Мицкоски смета дека актуелната комисија не беше заштитник на националните интереси на македонскиот народ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ