сабота, 21 декември 2024

Амбасадорката на САД: Нема покана за Украина за НАТО во јули

Амбасадорката на Соединетите Американски Држави во НАТО Џулијана Смит изјави денес дека не очекува во јули Алијансата да ѝ упати покана за членство на Украина на самитот во Вашингтон.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Украина јасно даде до знаење дека нејзината цел е да стане членка на воениот пакт предводен од САД, пишува Ројтерс.

Киев и некои сојузници во НАТО, особено во Источна Европа, се залагаа за повик за членство, иако Украина не може да стане членка на НАТО додека е во војна.

На самитот во Литванија минатата година лидерите на НАТО го потврдија ставот дека иднината на Украина е во западниот воен пакт, но ниту беше дадена покана за приклучување, ниту беше дадена временска рамка за остварување на потенцијалното членство.

„Напорно работевме од минатиот самит во Вилнус да се преземат чекори за да продолжиме да им помагаме на нашите пријатели во Украина преку неопходните реформи во таа земја со цел да се приближи на евроатлантските интеграции“, кажа Смит.

Таа додаде дека фокусот на НАТО првенствено е да продолжи да ѝ помага на Украина во војната против Русија со цел Киев да победи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ