среда, 19 март 2025

Амбасадата на Македонија во Србија отвори книга на жалост, Тупанчески во посета на повредените

Maкедонскиот амбасадор во Белград, Никола Тупанчевски денеска ќе ги посети повредените во пожарот во Кочани кои се префрлени во Ургентниот центар во Белград и во Воено-медицинската академија (ВМА). Во Амбасадата во главниот град на Србија е отворена книга на жалост. Од вчера голем број граѓани палат свеќи пред македонската Амбасада.

Објавено на

часот

Сподели

Во поширокиот дел од центарот на Белград се поставени знамиња на Република Македонија и на Србија, јави МИА од Белград.

Во Ургентниот центар во Белград ноќеска се примени 9 повредени лица од пожарот во дискотека во Кочани, од кои две се на Интензивна нега, а едно е со повреди исклучително опасни по живот.

На ВМА во Белград од Скопје синоќа се префлени тројца пациенти со авион на Армијата на Србија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ