четврток, 24 октомври 2024

Алжирската влада критикувана од Aртикл 19

Организацијата за заштита на слободата на говор, Article 19 (Член 19), ги осуди амандманите на кривичниот закон кои алжирските власти ги воведуваат пред претседателските избори закажани на 7 септември.

Објавено на

часот

Сподели

 

Во соопштението за медиумите објавено во понеделникот, меѓународната невладина организација ги осуди амандманите на алжирскиот кривичен закон, кои предвидуваат воведување на нови прекршоци и зголемувањето на казните за постоечките. „Алжир ги проширува своите правни алатки за да ја замолчи опозицијата и критичките гласови“, изјави невладината организација Article 19, повикувајќи ја алжирската влада да ги укине амандманите и да ја почитува слободата на изразување која е дел од универзалните човекови права.

„Потсетуваме дека секое ограничување на слободата на изразување мора да ги исполнува принципите на законитост, легитимност, неопходност и пропорционалност“, подвлече невладината организација во своето соопштение. Новите измени сеат страв меѓу новинарите, активистите и обичните граѓани, предизвикувајќи двоумење дали да се споделат или дискутираат информации поврзани со владините активности или политики, дури и ако таквите информации се клучни за јавната дебата и отчетноста.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ