сабота, 19 октомври 2024

Алушовски: Германија е традиционално незгодна за нас

Објавено на

часот

Сподели

Не им се дава на годините: Стевче Алушовски

„Ја прокоцкавме шансата во играта со играч повеќе, но и со многуте промашени седмерци. Имавме голема шанса, но Шведска знае да казни, беше четири разлика за нас, па три за нив… Можевме да победиме, но и да загубиме. Ова е голем резултат za нас. И понатаму ќе има моменти за радост. Се надевам дека ќе продолжиме и понатаму во ист стил“, вели популарниот Аљуш, кој предупредува дека Германија нема да биде лесен противник, иако загуби од Чешка.

„Германија е традиционално незгодна селекција за нас. Нема да биде лесно. Треба да ја анализираме нашата игра со Шведска, па нивниот меч со Чешка. Поразот на Германците беше огромно изненадување. Но да не заборавиме, Чешка го има најдобриот играч на светот во филип Јиха, квалитетни се, знаат да казнат секаква грешка“, вели Алушовски и додава дека иако е меѓу најстарите на ЕП, се чувствува како во најдобрите години.

„Се борам со моите 39 години, можам да се надигрувам со помладите. Фала му на бога, нека ме чува здравјето, ќе играм вака уште шест месеци“, рече македонското десно крило.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ