вторник, 12 ноември 2024

Алтернатива: Новиот концепт на образование се коси со нашите автохтони интереси

Објавено на

часот

Сподели

„Додека бевме во владата, ние го спречивме спроведувањето на овој модел, но новите владини партнери, како и министерот за образование – како набљудувачи на процентите на коридорите и рамнодушни кон образованието на помладите генерации – не се грижат за оваа тема. Отстранувањето на предметот историја ја повредува колективната институционална образовна меморија за учениците, но и отсуството на географијата нема помалку да му наштети на нивното формирање како идни интелектуалци. Младиот човек кој нема да ја знае историјата на својата нација и својата татковина ќе биде соодветен на стандардите на општеството без идентитет и ќе биде лишен од неговата автохтона основа и од неговиот национален идентитет. Во меѓувреме, со отстранувањето на предметот етика на религиите и ставањето на предметот сексуално образование, се настојува моралот на идните млади луѓе повеќе да не биде како оној на нивните родители и баби и дедовци, туку да има етика која се коси со целото наше етичко историско наследство“, велат од Алтернатива.

Оттаму го повикаа министерот за образование Јетон Шаќири да го повлече овој предлог, бидејќи, како што велат оттаму, ќе се соочи со најсилната институционална реакција, а ги повикаа и сите други организации кои се занимаваат со теми од образованието, како и верските заедници да им се придружат и да не дозволат никој да ги третира децата како бели стаорци за социјални експерименти според нивните идеолошки хирови.

„Образованието е премногу сериозна работа за да се остави во рацете на неодговорните и несериозните луѓе“, реагираа од Алтернатива.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ