понеделник, 21 октомври 2024
Фото: Архива - Фејсбук

Алтернатива направи измени во раководството

На денешната седница на Централното претседателство на Алтернатива е направено, како што се наведува, освежување на раководните органи на партијата. За генерален секретар е назначен Амир Елези, за потпретседатели Арбен Лабеништи, Орхан Муртезани, Сафие Садики Шаини и Афан Елези.

Објавено на

часот

Сподели

Во соопштението понатаму се вели дека Башким Муртези е именуван за организациски секретар, Беким Сали за секретар за човечки ресурси, Адмирим Алити за секретар на Секретаријатот на одделенијата, Фисник Мела за секретар за стратегиски политики, а  Дритон Сулејмани за секретар за односи со јавноста.

Алтернатива наведува дека освежувањето на раководните структури доаѓа по вонредниот конгрес кога за претседател беше избран Зеќирија Ибрахими.

„По плодна дебата во претседателството и оценувајќи ја потребата за освежување на раководните органи на партијата со нови кадри, за постигнување на стратегиските цели на партијата, по предлог на претседателот Зеќирија Ибрахими беа избрани раководните органи на партијата. Оваа одлука уште еднаш покажува високо ниво на демократија и внатрешна стабилност на Алтернатива, давајќи им можност и простор на новите кадри
да придонесат во највисоката хиерархија на партијата“.

Инаку, долгогодишен претстедател на Алтернатива беше Африм Гаши, кој поради неспојливоста со функцијата претседател на Собранието на Македонија даде оставка од партиската функција. Во меѓувреме, до вонредниот конгрес, вршител на должноста претседател беше Беким Сали, поранешен миинистер за здравство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ