сабота, 27 јули 2024

Алтернатива ќе носи одлука за соработка со Беса, целта ќе биде развластување на ДУИ

Објавено на

часот

Сподели

                                                                                                     Фото: Oрхан Муртезани и Африм Гаши

Тој потврдува дека Алтернатива и Беса во изминатите недели имале конктакти на највисоко ниво, што треба да значи дека разговори за заедничко дејствување имале лидерите Африм Гаши и Биљал Касами. А, на нашата забелешка дали Муртезани со својата изјава  најавува дека ќе има и втор чекор, односно дали тоа ќе биде коалицирање со „огнената група“ од ДУИ која се прогласи за фракција во таа партија, тој вели дека за тоа ќе се дискутира потоа што нема да зависи само од Алтернатива и, евентуално, ќе се носи нова одлука.

„Сепак, останува прво да видиме каква одлука ќе биде донесена вечерва и за тоа ќе информираме по состанокот“, ни изјави Орхан Муртезани.

Дали тоа ќе биде цврста политичка коалиција или за почеток коалициски настап во Собранието на Македонија, како и на локално ниво онаму каде што за тоа постои бројност од советници, од Алтернатива не се изјаснуваат.

Оттаму сметаат дека сега има политичка клима за изградба на нов опозициски блок кај албанскиот фактор, а на нашата забелешка дека покрај Беса не остана друг избор меѓу партиите, Муртезани вели дека постојат и други чинители меѓу Албанците во интелектуалните кругови кои и тоа како можат да дадат придонесес за јакнење на опозициското дејствување и за уривање на позициите на ДУИ.

Со „вшмукувањето“ на Алијанса за Албанците кон ДУИ во Владата, се разниша идејата за некакво политичко обединување во делот на забрзување на интеграцијата на Македонија во ЕУ, независно од позициите во власта или во опозицијата.

Дека има простор за здруежно опозициско дејствување во насока на развластување на ДУИ, потврдуваат и од Движењето Беса чии позиции се засилија по ланската победа на локалните избори во Тетово каде партијата доби и градоначалник и мнозинство во Советот, ДУИ загуби, а Алијанса за Албанците дури и не освои ниту едно советничко место.

кас

Во Тетово како „главен центар на Албанците во Северна Македонија“, како што во последно време често вели градоначалникот и лидер на Беса Биљал Касами, ДУИ ја нема некогашната моќ. Ја нема ниту во главната скопска општина Чаир, каде „огнените“ ја држат локалната власт, како што и во Сарај „огнените“ го водат главниот збор. Но, ДУИ нема градоначалник ниту во Гостивар, па така тетовска Мала Речица се потпира на Струга и Кичево и на други помали општини, секако и на Собранието на Македонија, каде има најбројна пратеничка група во однос на останатите партии на Албанците.

Во Беса за МКД.мк потврдуваат дека се разговара со Алтернатива.

„Вистина е дека сме воспоставиле комуникација со Алтернатива како опозициска партија и сме во насока на приближување на ставовите, но многу е рано да се каже дека имаме или ќе создадеме  ‘европски’ или каков било друг ‘фронт’.  Но, ние како Движење БЕСА сме подготвени да соработуваме со сите што се заинтересирани за соработка против оваа корумпирана владина гарнитура, која не треба повеќе да биде на власт. Државата треба да ја водат подобри, поподготвени и некормунпитани личности“, ни изјавија во Беса.

„Огнените“ од ДУИ во моментов имаат голем политички потенцијал за евентуален опозициски фронт, а со нив солидна комуникација имаат и двата албански опозициски лидери. Гаши беше со нив заедно во групата за пречек на косовската претседателка Вјоса Османи во Чаир, а „огнени“ градоначалници и функционери му се придружија на Касами по истиот повод. Разговори се водат, но „огнените“ засега се во редовите на ДУИ зашто официјално велат дека се фракција, но од друга страна статутот на ДУИ не познава (не дозволува) фракција.

Дали Беса и Алтернатива се поблиску и до нешто повеќе од коалициско настапување? До пред четири години Касами и Гаши беа во иста партија, во Беса, како што во истата партија беа и сегашните главни лица од Алтернатива и Беса. По раздружувањето Гаши и неговите соработници ја формираа Алтернатива. Патиштата им се разидоа, во различни политички етапи и едната и другата партија изградија стаж и во власт и во опозиција.

Дали сега е дојден моментот за повторно обединување? Одговорот за МКД.мк е дека си постојат причините за раздружувањето.

Но и во политиката важи мотото: никогаш не вели никогаш.

                                                                                                                                      П.Џамбазоски

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ