„Ситуацијата станува уште појасна сега кога јавноста знае дека сопственикот на оваа компанија e близок со лидерот на ДУИ. Ова како да не беше доволно, па во Гинеколошката болница во Клиничкиот центар во Скопје, обезбедувањето (зачудувачки, и во оваа болница тендерот за обезбедување го има истата фирма), претепало постар човек без никаква причина“, велат од Алтерантива.
Според информации на Алтернатива, еден од обезбедувачите не располагал ниту со лиценца за извршување на оваа професија.
„Итно апелираме да се раскине договорот со 2СС секјурити за обезбедување на просториите на М-НАВ. Апелираме до Министерството за внатрешни работи и до релевантните инситтуции да преземат соодветни мерки за утврдување на нашите тврдења и на компанијата да ѝ биде одземена лиценцата за работа“, соопшти Алтернатива.