сабота, 27 јули 2024

Aлкохолизирани возачи тетовската полиција ќе ги казни до 375 евра

Портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски информира дека во текот на ноќта на територијата што ја покрива секретаријатот била спроведена контрола на возачи со дрегер – апарат, за опкривање на алкохол.

Објавено на

часот

Сподели

„При контролата откриени и санкционирани се вкупно 15 возачи, 11 од нив на територијата на Општина Тетово, а 4 на територијата на Општина Гостивар,  кои ги управувале возилата под дејство на алкохол. Кај деветмина возачи биле измерени до 1,5 промили алкохол во организмот, а кај еден близу 2 промили алкохол. Сите прекршители веднаш се исклучени од сообраќај, времено им се одземени возачките дозволи и изготвени им се соодветни поднесоци со парични глоби кои се движат од 225 до 375 евра во денарска противвредност.

При контролата, исто така, биле санкционирани и 31 друг вид на сообраќаен прекршок.

Секторот за внатрешни работи Тетово повторно апелира до возачите да се воздржат од консумирање алкохол ако управуваат моторни возила, зашто во спротивно ќе ја доведат во ризик сопствената и безбедноста на другите учесници во сообраќајот, а пред се возачите-почетници, но и сите други“, изјави портпаролот Јосифовски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ