сабота, 27 јули 2024
Ролан Гарас

Алкараз во трилер меч го совлада Синер и испиша историја

Карлас Алкараз се избори за прво финале на Ролан Гарос откако во трилер меч со пет сета го совлада Јаник Синер со 3-2.

Објавено на

часот

Сподели

Младиот шпански тениски ас, Карлос Алкарас е првиот финалист на Ролан Гарос. Тој попладнево во трилер меч кој траеше повеќе од четири часа, го совлада Јаник Синер со 3-2 во сетови.

Полуфиналето започна со одлична игра на Синер и водство од 0-1, но Алкараз влезе во ритам во вториот сет и изедначи на 1-1.

Надмудрувањето продолжи и во третиот сет, а Италијанецот беше тој кој покажа поголема умешност и поведе со 1-2.

Сепак, Шпанецот не се предаде, покажа моќ на земјена подлога, врза два сета за победа од 3-2 и прво финале на Ролан Гарос.

Победата исто така значеше и испишување нова историја, Карлос Алкараз стана најмладиот тенисер кој обезбедил финале на три различни подлоги.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ