сабота, 19 октомври 2024

Алкараз се повреди и го заврши турнирот во Рио

Новата шпанска тениска ѕвезда, Карлос Алкараз никако да се врати во победничка серија, тој поради повреда на зглобот мораше да го предаде мечот со Монтеиро на турнирот во Рио де Жанеиро.

Објавено на

часот

Сподели

Кога играше во голема форма предвидувањата беа дека Алкараз има потенцијал да ги сруши сите рекорди, доколку нема соодветна конкуренција, но од пред извесно време работите не се одвиваат така.

Алкараз се мачи да ја најде формата од минатата сезона, но се мачи и со повреди.

На турнирот во Рио де Жанеиро, уште во третиот гејм од мечот го предаде дуелот со Монтеиро. При 1-1 во првиот сет, Алкараз го свитка зглобот и не можеше да продолжи.

Му беше укажувана лекарска помош која не вроди со плод и тој мораше да прекине.

Алкараз минатата сезона го освои овој турнир, а тоа значи дека ќе загуби бодови на АТП листата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ