понеделник, 17 јуни 2024

Алкараз: Се изненадив кога видов дека Ѓоковиќ се повлече од Ролан Гарос

Новак Ѓоковиќ поради повреда не можеше да го доигра грен-слем турнирот во Париз, Карлос Алкараз не очекувал тоа да се случи.

Објавено на

часот

Сподели

Поради скинат менискус, Новак Ѓоковиќ не можеше да го продолжи настапот на Ролан Гарос, па го предаде четвртфиналниот дуел против Каспер Руд.

„Се изненадив кога видов дека Новак се повлече од турнирот, бидејќи го гледав неговиот осминафинален меч. Заврши играјќи одличен тенис и не чувствуваше болка. Бев изненаден од одлуката, но тенисот е таков спорт, мора да се соочите со вакви моменти. Сигурно голем дел од навивачите се разочани поради тоа што тој нема да игра до крај“, рече Алкараз.

Алкараз вчера го победи Циципас и ќе игра полуфинале против Синер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ