петок, 18 октомври 2024
Вимблдон

Алкараз против Медведев во полуфиналето на Вимблдон

Објавено на

часот

Сподели

Првиот носител на Вимблдон, Карлос Алкараз стигне до полуфиналето. Во денешниот четвртфинален меч тој во три сета го победи Руне.

Неизвесно беше во првиот сет во кој се играше тајбрејк, во него Алкараз беше подобар со 7-3. Во другите два сета беше идентично со по 6-4.

Многу поголеми проблеми имаше Медведев кој со 3-2 во сетови го совлада Еубанкс кој беше најпријатно изненадување на турнирот.

Медведев го доби првиот сет со 6-4, но следните два му припаднаа на Американецот со 6-1 и 6-4.

Четвртиот сет го доби Медведев во тајбрек со 7-4, а во петтиот решавачки Русинот одигра многу подобро, го доби со 6-1 и победи со 3-2.

Во другото полуфинале играат Ѓоковиќ и Синер.

Двата дуели се закажани за петок.
 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ