Првиот носител, Карлос Алкараз добро се намачи за да дојде до триумф над Чилеанецот Николас Јари. Шпанецот го доби мечот со 3-1 во сетови.
Првиот сет му припадна со 6-3, но во вториот Јари славеше во тајбрејк со 8-6 и израмни на 1-1. Следуваше нов добиен сет на Алкараз со 6-3, четвртиот го зема со 7-5 за победа од 3-1.
Со 3-1 победи и Медведев над Фучович. Унгарецот го доби првиот сет со 6-3, но следните три му припаднаа на Русинот со 6-3, 6-4 и 6-4.
Најубедлив беше Циципас кој по два меча со пет сета конечно победи со 3-0. Славеше над Џере со 6-4, 7-6 и 6-4.