вторник, 5 март 2024

Алкараз без проблем го помина Кецмановиќ за четвртфинале на Австралија опен

Карлос Алкараз рутински, во три сета го совлада српскиот тенисер Миомир Кецмановиќ и се пласираше меѓу осумте најдобри на Австралија опен.

Објавено на

часот

Сподели

Вториот носител на Австралија опен, Карлос Алкараз немаше големи проблеми во осминафиналната пресметка против Миомир Кецмановиќ.

Шпанскиот тенисер победи во три сета, првите два ги доби со по еден брејк со идентични 6-4 и 6-4, во третиот беше перфектен со 6-0.

Во четвртфиналето Алкараз ќе игра против Александер Зверев кој по голема борба утринава го совлада Нори со 3-2 во сетови. (7-5, 3-6, 6-3, 4-6 и 7-6).

Во другите два денешни осминафинални мечеви, Медведев со 3-1 беше подобар од Боргес, а Хуркач со убедливи 3-0 го помина Казо.

Утре на програмата на Австралија опен се првите два четвртфинални меча, Ѓоковиќ – Фриц и Синер – Рубљов.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ