Во пресрет на Вимблдон, Карлос Алкарас ќе го симне Новак Ѓоковиќ од тронот и од утре ќе биде на врвот на АТП листата.
Талентираниот Шпанец ќе се искачи на првото место откако триумфираше во Квинс и стигна до својата прва титула на трева.
Попладнево, во финалето тој со 2-0 во сетови (6-4, 6-4) го совлада Алекс Де Минер за 99 минути.