сабота, 27 јули 2024

Алкалоид загуби на евро-премиерата, пораз од Војводина во Скопје

Ракометниот клуб Алкалоид загуби со 31-26 од Војводина во првото коло од Европската лига, мечот се играше во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

Алкалоид вечерва за првпат играше натпревар во Европа, тимот предводен од Кире Лазаров загуби на премиерата. Одлуката на македонскиот претставник во овој меч беа осцилациите во текот на натпреварот, имаа одлични моменти, но и многу црни минути во кои не можеа да постигнат гол.

Интересно беше во финишот, на десетина минути пред крајот Војводина имаше предност од 27-20, но Алклаоид направи серија од 5-0 и дојде на само два негатива. Тогаш Андреј Трнавац фати удар од контра на Мартин Серафимов, а две минути подоцна десниот бек не реализира пенал. Тука завршија надежите на македонскиот тим. Конечниот резултат беше 31-26 за српскиот шампион кој е и актуелен освојувач на ЕХФ купот.

Најдобар стрелец во тимот на Алкалоид беше Иван Џонов со осум голови, Марко Митев и Арно Бинго постигнаа по пет погодоци, Мартин Серафимов даде четири, Трајковски имаше девет одбрани. Во составот на Војводина, Воркапиќ даде осум гола, Трнавац имаше 12 одбрани.

Во следното коло, за седум дена, Алкалоид гостува во Шпанија кај екипата на Ла Риоха.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ