понеделник, 20 јануари 2025

Алкалоид со нов систем за дигитализација и автоматизација – АлкаМЕС

Објавено на

часот

Сподели

Како исклучителна алатка за подобрување на резултатите во работењето, овој систем (софтвер и хардвер) има цел целосна дигитализација на производствениот процес преку надградба и интеграција на постојното функционирање, автоматизација на производствените процеси и опрема, примена на нови модули (со опфат и на Room Management, Container Management, Resource Management), интегрирање со постојните системи AlkaSAP ERP, AlkaT&T (Track&Trace) и BMS (Building Management System), AlkaMOS (Maintenannce Operating System) и AlkaOEE (Overal Equipment Effectiveness), надградба на системот за планирање, како и целосно електронско управување со отстапувања и со девијации во производството. Покрај тоа, AlkaMES значително ќе ја подобри севкупната ефикасност, овозможувајќи заштеда на вредни ресурси и на време при собирањето податоци, следење и контрола на процесите во реално време и донесување правилни и навремени одлуки врз основа на точни и на ажурирани информации. Од план до реализација на овој голем проект, процесите на спроведување се соодветно регулирани, имајќи предвид дека системот е во целосна согласност со највисоките фармацевтски стандарди, обезбедувајќи стабилност, безбедност и контролиран пристап.

а

На почетниот состанок, одржан на 18 јули 2023 г., беше најавен официјалниот почеток на проектот АлкаМЕС (AlkaMES – Alkaloid Manufacturing Execution System), кој е во вредност од над еден милион евра. генералниот директор и претседател на УО на Алкалоид АД Скопје  Живко Мукаетов, со своето обраќање официјално го означи почетокот на проектот, истакнувајќи ги главните придобивки и цели на проектот и поздравувајќи го проектниот тим, кој е составен од преку 80 члена, претставници на Алкалоид и на партнерската компанија, поделени во девет тима, кои се врвни експерти, докажано искусни и посветени професионалци во својата професија. Според временската рамка, пилот-проектот ќе се реализира до крајот на првиот квартал од 2024 година, а целосниот проект ќе заврши во првиот квартал од 2025 година.

Со секој проект и со секоја активност Алкалоид постојано оди чекор натаму, секогаш залагајќи се за постојано усовршување и за подигнување на стандардите за квалитет и за примена на иновации во работењето, а самото тоа е доказ дека понудата на производи со врвен квалитет за крајните корисници и грижата за здравјето на луѓето се најголем приоритет за компанијата, се вели во компаниското соопштение.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ