петок, 18 октомври 2024

Алкалоид против Вардар на стартот од новата сезона во Суперлигата

Денеска во просториите на Ракометната федерација на Македонија беше извршена ждрепката за новата сезона од Суперлигата, а таа ќе почне со дербито меѓу Алкалоид и Вардар.

Објавено на

часот

Сподели

Новата сезона треба да почне на 7/8 септември, а како најава претходно ќе се одигра Суперкуп мечот меѓу Пелистер и Алкалоид.

Во првото коло од новата сезона Алкалоид ќе го пречека Вардар, а бранителот на трофејот, Пелистер ќе му гостува на Тиквеш.

Првото дерби меѓу Пелистер и Вардар ќе се игра во четвртото коло, тоа би требало да биде последниот викенд од септември.

Суперлига прво коло:
Алкалоид – Вардар
Тиквеш – Пелистер
Радовиш – Охрид
Бутел – Куманово
Прилеп – Пролет
Струга – Бисинов

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ