среда, 15 јануари 2025

Алкалоид, Охрид и Тиквеш ги дознаа противниците во Европа

Македонија во новата сезона ќе има три претставници во машкото издание на Европскиот куп на ЕХФ, Тиквеш кој ќе почне од првото коло и Алкалоид и Охрид кои ќе ги почнат мечевите од второто коло во ова натпреварување.

Објавено на

часот

Сподели

Тиквеш за противник го доби составот на Драма од Грција. Македонско-грчката пресметка ќе почне на 14/15 септември во Грција, а ќе заврши седум дена подоцна во Македонија.

Алкалоид кој почнува од втората рунда, за противник го доби Драгунас Клаипеда од Литванија, додека Охрид ќе игра со Потаиса Турда од Романија

Првивите натпревари од втората рунда се играат на 19/20 октомври, реваншите се седум дена подоцна.

Македонските претставници во Европскиот куп на ЕХФ:
Прво коло:
Тиквеш – Драма (Грција)
Второ коло:
Алкалоид – Драгунас Клаипеда (Литванија)
Охрид – Потаиса Турда (Романија)

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ