сабота, 27 јули 2024

Алкалоид – најпосакувана македонска компанија за вработување во 2022 година

Објавено на

часот

Сподели

Во соопштението од компанијата се наведува дека наградата му беше врачена на генералниот директор и претседател на Управниот одбор на Алкалоид, Живко Мукаетов, на манифестацијата конципирана како оскари за работодавците, „Работодавец на годината“, реализирана низ симболиката на 20-годишниот јубилеј на „Вработување.ком“.

Наградите за најпосакуван работодавец се доделуваат врз база на три критериуми: бројот на посети на огласите и на објавите на сајтот Вработување.ком“, покажаниот интерес од апликантите и јавното анкетно истражување. На манифестацијата беа доделени награди во вкупно 7 категории, а Алкалоид ја доби наградата како апсолутен победник, односно се закити со титулата Најпосакуван работодавец за 2022 – најпосакувана македонска компанија.

м

Како компанија во чија деловна стратегија и во стратегијата за општествена одговорност Луѓето се пред сѐ, Алкалоид ќе продолжи да одржува и да креира високи професионални стандарди во работната средина која претставува кариерен предизвик за сѐ повеќе млади професионалци кои тежнеат својата кариера да ја градат во сопствената земја, се вели во соопштението од компанијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ