сабота, 27 јули 2024

Алкалоид ја доби групата во Европската лига, на Вардар ќе му биде тешко ако го помине Рајн-Некар

Објавено на

часот

Сподели

Алкалоид ќе игра во групата Ф, во која носител е данскиот прволигаш Бјерингбро Силкеборг. Македонскиот тим имаше статус на тим од вториот шешир, а од третиот исто така не доби наивен ривал, во шпанската Ла Риоха. Од четвртиот по квалитет сад, противник ќе му биде Војводина, ланскиот освојувач на Евро купот, кој покажа дека има висок квалитет, надигрувајќи се со Вардар и со Пелистер во СЕХА-лигата минативе две сезони.

Вардар, кој ќе ја почне Европската лига од квалификациското коло, против Рајн-Некар, во сличај да го елиминира и да се пласира понатаму, има резервирано место во групата А. Таму се Нант, Кристијанштад и Бенфика, каде што ќе настапува Филип Талески.

Квалификациското коло се игра на 26/27 август и 3 септември, додека фазата по групи ќе почне на 17 октомври.

ГРУПА А: Нант, Кристијанштад, Бенфика, Вардар/Рајн-Некар

ГРУПА Б: Горник Забже, АЕК, Кринс Луцерн, Иштад/Хановер

ГРУПА Ц: Куенка, Горење, Савехов, Агуаш Санташ/Винтертур

ГРУПА Д: Нексе, Повашка Бистрица, Скјерн, Тримо Требње/Брага

ГРУПА Е: Кадетен Шафхаузен, Елверум, Фленсбург, 

ГРУПА Ф: Бјерингбро Силкеборг, Алкалоид, Ла Риоха, Војводина

ГРУПА Г: Фуксе Берлин, Динамо Букурешт, Шамбери, Извиѓач

ГРУПА Х: Спортинг, Татабања, Хробри Глогов, Констанца/Грањољерс

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ