сабота, 27 јули 2024

Алкалоид го победи Вардар и го освои второто место кое ги носи во Европската лига

Објавено на

часот

Сподели

Тимот на Кире Лазаров денеска со 25-21 победи на гостувањето кај Вардар, со што стана вицешампион на Македонија и обезбеди директно место во Европската лига.

Најефикасен на денешниот меч за Алкалоид беше Серафимов со шест голови, Џонов постигна четири. Кај Вардар, Георгиевски, Талески и Дутра постигнаа по четири погодоци.

Алкалоид заврши исклучително успешна сезона за нив, а од следната ќе почнат да ја напаѓаат и шампионската титула која оваа година отиде во Битола кај Пелистер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ