понеделник, 21 октомври 2024

Алиоски добива уште еден славен соиграч, Кеси потпишува за Ал Ахли

Објавено на

часот

Сподели

26-годишниот Кеси како слободен играч пристигна во Барселона од Милан, но не успеа да се наметне како стартер во тимот и покрај тоа што имаше одличен допринос кога беше на теренот, особено во клучни натпревари.

Барселона ова лето ги потпиша Ориол Ромеу и Илкај Гундоган, по што стана јасно дека Кеси ќе биде жртвуван за да се соберат пари за новите засилувања.

Кеси денеска е во Париз, таму треба да ги помине медицинските тестови, а откако тоа ќе се случи, ќе летне за Саудиска Арабија да го потпише договорот со Ал Ахли.

Кеси ќе потпише четиригодишен договор со Ал Ахли и ќе игра за плата од 20 милиони евра по сезона. Барселона за овој трансфер ќе добие 15 милиони евра.

Тој ќе биде уште една од ѕвездите во тимот на Алиоски, Ал Ахли ова лето веќе потпиша со офанзивното трио Фирмино, Сент-Максимин и Марез, како и со голманот Едуард Менди.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ