сабота, 27 јули 2024
Ал Ахли има амбициозни планови

Алиоски добива и втора легенда на Ливерпул за соиграч?

Објавено на

часот

Сподели

Роберто Фирмино е последното име кое реши да ја замени Европа со Саудиска Арабија, напаѓачот денеска потпиша за Ал Ахли.

Клубот од Џеда има амбициозен план, односно да го спои Бразилецот со уште еден поранешен фудбалер од Ливерпул, па почнал да опипува терен за ангажман и на Садио Мане.

Сенегалецот има неизвесна иднина во Минхен, се почесто се говори дека ќе замине од Баерн ова лето, па неколку клубови од Саудиска Арабија сакаат да го искористат ова.

Се шпекулира деак Ал Ахли веќе му понудил богат тригодишен договор на напаѓачот и наскоро ќе отворат преговори со „баварците“.

Нашиот Езгјан Алиоски е под договор со Ал Ахли и ќе се врати во клубот откако Фенербахче одби позајмицата да ја претвори во перманентен трансфер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ