понеделник, 30 декември 2024
Се огласи адвокатот на уапсениот Демири за кој Македонија бара екстрадиција

Алил Демири е ослободен, обвинителството се откажало од барањето за притвор

Објавено на

часот

Сподели

„По приложените докази од одбраната и појаснетите аргументи дадени на рочиштето на кое беше адресирано барањето на обвинителството за определување мерка притвор, обвинителот кој го застапуваше предлогот се повлече од барањето. Алил Демири сега е на слобода“, изјави неговиот адвокат Бесник Бериша, а пренесе ТВ Шења.

Вчера Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека полицијата на Косово, во соработка со македонската полиција во Косово го лишил од слобода Алил Демири врз основа на издадена меѓународна потерница од македонското МВР. 

Демири се бара бидејќи е правосилно осуден на доживотна казна затвор за петкратното убиство кај Смиљковското езеро на 12 април 2012 година.

А Министерството за правда денеска соопшти дека пет години чека одговор за екстрадицијата на Демири.

Ова не е прво апсење на Демири во Косово.

Отткако заедно со Африм Исмаиловиќ во 2012 година Демири избега во Косово, една година подоцна двајцата беа фатени од косовската полиција. Имено, на 3 март 2013 година Демири и Исмаиловиќ беа уапсени, а потоа и обвинети па првосилно осудени за нелегална трговија со оружје.

Откако ја одлежаа казната, излегоа од затвор и оттогаш се слободни граѓани на Косово.

За петкратното убиство кај Смилковско езеро на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.

 

Фото: Sinjali.com

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ