сабота, 27 јули 2024

Aлијанса за Албанците: Инцидентот во Чаир е најдобар доказ за криминалот на ДУИ

Објавено на

часот

Сподели

„ДУИ ги направи албанските населби најопасни места за живеење, тие станаа места каде те убива полицаец и каде се заштитени криминалците.
Кога го осудивме заробувањето на правосудниот систем, заменик министерот од ДУИ се пожали дека опозицијата ги навредува албанските функционери. Ги прашуваме поранешниот министер за полиција, актуелниот заменик министер за полиција и сите функционери на ДУИ, кој синоќа ги навреди и посрамоти Албанците, кој со куршумите на нивните началници ги загрози Албанците и  албанските населби ги претвори во гето на криминални картели!?
Ветингот во судството, полицијата и другите сфери е повеќе од неопходен, но претходно мора да ги отстраниме од власт тие кои го попречуваат ветингот и го зајакнуваат криминалот и корупцијата“, бараат од Алијансата за Албанците.

Синоќа е пријавено дека полицаец од Чаир во близина на ресторан на улицата  „Македонско-косовска бригада” во Скопје запрел возило „митцубиши” кое имало вклучено т.н. флешери. Возачот почнал агресивно да се однесува, а за кратко време на местото на настанот пристигнал и М.Љ. со уште неколку лица, при што физички го нападнал полицискиот службеник. Пристигнале и други полицајци кои биле нападнати од групата. М.Љ. испукал од пиштол во воздух, но бил совладан од полицајците и пиштолот му бил одземен, а од пукањето нема повредени лица. 

Потоа дошле и други лица, меѓу кои и полициски службеници, по што М.Љ. избегал. За него била распишана потерница, но тој денеска сам се пријавил во полициска станица.

Известен е јавен обвинител и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди на МВР, обезбеден е пиштолот и видео снимки од настанот и се преземаат мерки за расчистување на настанот, по што ќе следуваат соодветни поднесоци.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ