сабота, 27 јули 2024

Aлијанса за Албанците го поздрави барањето на ОЈО за притвор на Незири и другите лица

Владејачката Алијанса за Албанците ја поздравува акцијата на обвинителството кое отвори истрага и побара притвор за функционерот на владејачката ДУИ, Беким Незири и за други лица кои насилно влегоа во Контролата на летање.

Објавено на

часот

Сподели

„Нападот на контролната кула на скопскиот аеродром е скандалозен инцидент од меѓународни размери. Овој чин го загрози меѓународниот воздушен сообраќај и животите на стотици или илјадници патници кои би можеле да настрадат како резултат на овој инцидент.

Ја поздравуваме реакцијата на обвинителството и барањето за притвор на осомничените и очекуваме правдата да донесе правична и заслужена пресуда, за ваквите дела да добијат соодветна казна и никогаш да не се повторат.

Воедно бараме од одговорните органи да го зголемат степенот на безбедност во овие објекти и институции, како и да истражат како напаѓачите, неовластено успеале да влезат во контролната кула“, се вели во соопштението на Алијанса за Албанците.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ