четврток, 30 мај 2024

Али Ахмети: УЧК ја спаси Македонија

Лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, синоќа од Дебар порача дека заедно мора да градиме мир, стабилност, иднина и да воспоставиме европски стандарди и да се бориме против криминалот и корупцијата.

 

Објавено на

часот

Сподели

Како што информираат од ДУИ, на средбата со граѓани во Дебар, Ахмети порачал дека Македонија има свое место во Европа.

„Оваа земја има свое место во Европа и за оваа земја мора да работиме заедно, Македонци и Албанци, а не да се враќаме во минатото и да се огорчуваме затоа што викав УЧК, но УЧК е албанска гордост и УЧК ја спаси Македонија“, рекол Ахмети.

Ахмети дополнил дека формирал фронт со албанските политички партии кој ги вклучил сите заедници.

„Мицкоски има дадено изјава дека наводно му праќам емисар да преговара да влезе во Владата. Христијан, во политиката влегов како востаник и нема да излезам без да се откажам, да се разбереме, народот ме гласа 22 години. Јас формирав фронт со албанските политички партии, но го направив овој фронт непобедлив со вклучување на заедниците кои вие ги презирате, како што се турската, ромската и босанската заедница. Се трудиме овој Устав што го направивме уште поблизок до граѓаните на Република Македонија да ги вклучи бугарската, египетската, црногорската и хрватската заедница. Охридскиот договор и промената на политичко-правниот статус на Албанците не ја уништија Македонија“, изјавил Ахмети во Дебар.

Тој порачал дека Европскиот фронт ќе биде победник на изборите на 8 мај и дека народот ќе одлучи кој ќе биде дел од Владата.

„Опозицијата да не ги прави грешките што ги направи мојот поранешен колега во 2006 година и тогашната партија ја направи таа грешка и плати висока цена. Ние Албанците не сме претставници на малцинство, ние сме легитимни претставници на огромното мнозинство Албанци, а сега во Фронтот се и ромската, турската и босанската заедница. Па со тие шифри што ги пеат, тие никогаш не одлучуваат, одлучува народот. Значи, на 8 мај сите да гласаат за Фронтот, затоа што вие гласате за интеграција и изолација“, дополнил Ахмети.

Кандидатот за пратеник во петтата ИЕ, Муса Џафери, во Дебар изјавил дека поддршката на Европскиот фронт ќе помогне во успешното патување кон полноправно членство во Европската Унија. Тој пред дебарчани порачал дека сите треба да гласаат за листата на Фронтот бидејќи тоа е во најдобар интерес на државата.

„Ниту ДУИ, ниту партиите што се во Европскиот фронт не сакаат конфликт, ние имаме определба и цел да бидеме дел од европските вредности, да бидеме дел од европскиот економски систем, да немаме гранични бариери. Сакаме да помогнеме да нема конфликт со бугарскиот сосед и колку се тие нека бидат дел од Уставот. Нека биде референдумски денот на гласањето на 8 мај и сите да гласаме за Фронтот и со гласањето нека се утврди кој да го претставува и кој да раководи со институциите“, порачал Џафери.

Арбана Пашоли, кандидат за пратеник, истакнала дека поддршката на Европскиот фронт е поддршка за европскиот пат на земјата и ги повикала сите да гласаат за бројот 4.

„Изборниот резултат докажа дека кандидатот на Европскиот фронт е навистина додадена вредност, докажа дека граѓаните го ценат обединувањето на проевропските сили, докажаа дека граѓаните ја ценат етничката, културната и јазичната различност и им дадоа приоритет на про-Европската ориентација на оваа земја пред сѐ“, рече Пашоли.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ