сабота, 27 јули 2024

Али Ахмети „го отвори“ собирањето потписи за кандидатурата на Бујар Османи

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети денеска, пред почетокот на акцијата за собирање на 10.000 граѓански потписи за кандидатурата на партискиот потпреседател Бујар Османи за претседателските избори даде изјава во која нагласи дека започнува мобилизацијата за придвижување на процесите кои водат кон ЕУ и дистанцирање од Русија.

Објавено на

часот

Сподели

„Номинацијата на Бујар Османи за кандидат за претседател на Република Северна Македонија значи многу силна мобилизација, што ја докажува решеноста на целата ДУИ да ја совлада мисијата за придвижување на процесите, процеси кои носат стабилизација, ориентација дека нашата земја треба да оди напред кон членство во Европската Унија.

Дека треба да се движи кон храбри одлуки за да се заклучат важни прашања кои во моментов ни се претставени како пречка за отворање на нови хоризонти. На нашите мобилизирачки сили, но и на сите прогресивни сили во државата им се дава можност на овие избори, кои се одлучувачки за иднината на државата, да кажат ‘не’ за Русија и ‘да’ за Европа.

Оваа можност мора да ја искористиме со претседателските и парламентарните избори на 8 мај. Јас сум голем оптимист дека со нашите кадри, сите заедно можеме да бидеме сведоци на оваа силна волја што се материјализираше и во гласањето за успешно одвивање на процесите“, рече лидерот на ДУИ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ