недела, 19 мај 2024

„Алелуја!“, рече Кулеба за изгласувањето на помошта од САД

Министерот за надворешни работи на Украина енергично ги пофали американските политичари за одобрувањето на долго одложуваниот пакет воена помош од 61 милијарда долари за Украина, но предупреди дека новите испораки нема веднаш да го свртат текот на војната.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Алелуја“, изјави Дмитро Кулеба во интервју за Гардијан, запрашан за реакција за конечното гласање на американскиот Сенат во вторникот. Тој рече дека „верува дека ќе има позитивен исход“, но Западот мора „да сфати дека ерата на мирот во Европа е завршена“ и да почне да ја гради својата одбранбена индустрија.

Во интервјуто за Гардијан, Кулеба рече дека се надева оти Белата куќа ќе претстави нов пакет оружје „за неколку дена, можеби дури и часови“ и дека е „само прашање на логистика“ да се префрлат залихите на линијата на фронтот.

Претставници на Пентагон најавија дека одредена муниција веќе е складирана во Европа, а се очекува меѓу приоритетите да бидат артилериската и противвоздушната одбрана.

Кулеба, исто така, рече дека Украина идентификувала седум системи за противвоздушна одбрана „патриот“, кои би можела да ги користи за заштита на цивилите во поголемите градови надвор од Киев. Еден е добиен од Германија, уште четири се лоцирани и преговорите се во тек, изјави Кулеба, а на повидок се уште двајца.

Додека медиумите објавија дека Грција и Шпанија размислуваат дали ќе снабдат „патриоти“, Кулеба рече дека осмиот систем би можел да дојде од САД. „Мислам дека американската армија има една резерва“, рече тој.

Преговорите за нивно добивање беа комплицирани бидејќи „земјите што управуваат со ‘патриотите’ се ценкаат“, рече Кулеба, но додаде: „Не се сомневам, со оглед на напредокот што го правиме, дека патриотите ќе пристигнат“.

Тој исто така додаде дека украинскиот претседател Володимир Зеленски во понеделникот разговарал со Џо Бајден за воената помош. Кулеба рече дека сојузниците на Украина треба да се префрлат од „изразување сочувство кон Украинците и ветување помош за закрепнување, на спречување на загубата на животи и уништувањето на земјата“.

Тој рече дека враќањето на американската воена помош нема да биде доволно за да се победи Русија. „Ниту еден пакет не може да ги запре Русите. Она што ќе ги запре Русите е обединет фронт на цела Украина и сите нејзини партнери.“

Кулеба рече дека Западот треба да го зголеми своето производство на оружје, како што направи Украина, бидејќи Русија го престигна. Русија ја надминува Украина за 10 спрема еден, додека на Украина ѝ снемува противвоздушна одбрана.

„Кога гледам што постигна Русија во изградбата на одбранбена индустриска база за две години војна и што постигна Западот, мислам дека нешто не е во ред со Западот“, рече Кулеба. „Западот мора да разбере дека ерата на мирот во Европа е завршена.“

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ