сабота, 27 јули 2024

Алексеј Навални ќе биде погребан во петок во Москва

Погребот ​​на Алексеј Навални ќе се одржи во петок во Москва, изјави неговата портпаролка, по потрагата по место каде што верниците би можеле да се простат од 47-годишниот дисидент кој почина во сибирска казнена колонија на 16 февруари.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Кира Јармјуш на Икс објави дека погребната служба ќе се одржи во црквата Богородица во областа Марино во Москва и ги повика луѓето да се соберат таму.

Навални потоа ќе биде погребан на Борисовските гробишта.

Приврзаниците на Навални го обвинуваат претседателот Владимир Путин за неговото убиство, бидејќи не можел да замисли Навални да биде ослободен во евентуална размена на затвореници.

Кремљ негираше вмешаност на државата во неговата смрт и, исто така, тврди дека тие не знаеле за каков било договор за ослободување на Навални.

Во неговото уверение за смрт пишува дека починал од природна смрт.

Пред четири дена, 12 дена по неговата смрт, телото на Алексеј Навални конечно ѝ беше предадено на неговата мајка Људмила.

Ден претходно таа за медиумите изјави дека руските власти ѝ дале ултиматум во рок од неколку часа тајно да го закопа нејзиниот син во кругот на семејството, во спротивно тие ќе го закопале во колонијата каде што починал.

Кремљ нејзините изјави ги нарече „апсурдни“.

Во вторникот, портпаролката на починатиот опозициски лидер рече дека неговиот тим има потешкотии да најде погребално претпријатие, а исто така рече дека некои одбиле да одржат церемонија кога дознале за кого станува збор.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ