Александар Васоски експресно си најде нов ангажман откако пред десетина дена се повлече од тренерското столче на Вардар.
Популарниот „Тетовче“ ќе го наследи Горазд Михајлов на кормилото на Силекс, соработката официјално беше потврдена попладнево.
Тимот од Кратово во моментов е четвртопласиран на табелата во ПМФЛ со 27 бодови на 18 натпревари.