сабота, 27 јули 2024

Александар Тасевски: Случувањата во М-НАВ немаат етничка димензија

На овој голем христијански празник, во никој случај не одат во прилог обидите на случувањата во М-НАВ да им се даде етничка димензија. Да не е делиме на Македонци и Албанци, туку да сфатиме дека имаме професионалци и Македонци и Албанци, вели по пораката објавена на фејсбук Александар Тасевски, претседател на Струковиот синдикат на контролорите на летање по случувањата во Македонски навигации.

Објавено на

часот

Сподели

„Здравје, мир, љубов, сплотеност… Најчестите зборови што ги користиме на овој голем празник кога си честитаме еден на друг.

Во нашата борба за професионалност која што ја водиме подолго време, би ве замолил сите да се придржиме кон истите. Здравје за сите инволвирани, мир и разум при нашите реакции, љубов за сите искрени поддршки, и сплотеност за нас, и тие што се борат за истите причини.

Валканите игри, иако очекувани, ја отежнуваат нашата борба, но исто така и непромислените коментарии и реакции кои иако во мал број, не ни одат во прилог. Ни мене, ни на ССКЛ како наше семејство. Би ве замолил, со мир, љубов и сплотеност, да не се расплиниме по етничка линија, нешто што некој друг се обидува да го направи, да не им помогнеме во намерата. Се бориме за професионалност, не за Македонци или Албанци, не за поединци, не за партии! Професионалци имаме, Македонци и Албанци. Некои невкусни коментари индиректно фрлаат дамка и врз нивната искрена работа и труд и нивната поддршка.

Нека на овој голем празник, овие зборови допрат до вас, и со ладни глави, љубов во срцето, дозволете да бидеме сплотени, како што сме почнале.

Ние успеавме да ја надминеме поделбата, затоа и успеваме. Тоа е тајната и за просперитетна држава во каква сите посакуваме да живееме. Честит Божиќ, Христос се роди!“, пишува Тасевски на фејсбук.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ