На денешната Седница Управниот одбор на ФФМ донесе одлука за нов судиски одбор составен од Александар Ставрев – претседател, Илир Сеља – заменик претседател, Димитар Мечкаровски – член, Дејан Јакимовски – член, Дејан Костадинов – член.
Назначени се нови стручни надворешни соработници во судискиот одбор: Јосип Бартон, Никола Караколев, Горан Спиркоски, Марјан Кировски, Благој Шуклев, Џенан Хајдари, Иса Емрули, Игор Ширилов, Зоранчо Темелков, Билјана Миланова, Зоранчо Илиевски и Бранко Манојлоски.
Формирана е Комисија за делегирање судии во состав: Јосип Бартон – претседател, Зоранчо Илиевски – член, Џенан Хајдари – член.
Формирана е Комисија за делегирање на контролори во состав: Никола Караколев – претседател, Бранко Манојлоски – член и Игор Ширилов – член.
Комисија за имплементација на ВАР систем: Дејан Јакимовски, Димитар Мечкаровски, Марјан Кировски, Горан Спиркоски, Јосип Бартон и Никола Караколев.
Комисија за делегирање на женски фудбал: Илир Сеља – делегирање на судии и Билјана Миланова – делегирање на контролори.