сабота, 19 октомври 2024
Многумина веќе го видоа во Саудиска Арабија

Алегри по втор пат им кажа НЕ на Арапите, одби 100 милиони и останува во Јувентус

Објавено на

часот

Сподели

Макс Алегри ја одбил и втората понуда од Саудиска Арабија, ваква информација попланево објави Спортмедиасет.

Арапите во прв момент на маса ставија тригодишен договор со плата од 20 милиони евра по сезона, а откако не успеаја да го примамат, се вратија со нов уште побогат предлог, односно тригодишен договор со плата од 30 милиони евра по сезона (одредени извори говореа и за бонус од 10 милиони евра со што целата сума ќе се заокружи на 100 милиони евра).

По предлогот тежок 100 милиони евра, многумина веќе го видоа Макс Алегри во Саудиска Арабија но Спортмедиасет вели дека стратегот повторно кажал НЕ и размислува само на новата сезона со Јувентус.

Макс Алегри веќе го дизајнирал новиот Јувентус со спортскиот директорот Џовани Мана и се чека пристигнувањето на Кристијано Џунтоли од Наполи за да се почне со сериозна работа на трансфер пазарот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ