сабота, 27 јули 2024
Тренерот на Јувентус тешко ја прифатил елиминацијата од купот

Алегри ги навредувал директорите на Интер: Вие сте го*на, нема да ви дозволиме да играте Лига на шампиони

Објавено на

часот

Сподели

Јувентус претходно беше 100% во полуфиналните пресметки против Интер во Купот на Италија, но „нероаѕурите“ синоќа со 1-0 го добија реваншот и за прв пат ја елиминираа „старата дама“ во оваа фаза од натпреварувањето.

Дуелите помеѓу лутите ривали секогаш носат искри, а така било и вчера, но далеку од очите на јавноста.

Медиумите од Италија пренесуваат дека Масимо Алегри имал вербален дуел со директорите Дарио Бачин и Бепе Марота, на кого им порачал: „Вие сте го*на, ќе финиширате како шести!“

Тренерот на Јувентус потоа во соблекувалната на своите фудбалери им рекол: „Мораме да финишираме пред Интер, не смееме да им дозволиме да играат во Лигата на шампиони“.

Откако на Јувентус му ги вратија одземените бодови, „старата дама“ е на позицијата број три на табелата со три бода повеќе од Милан и Рома и 5 повеќе од Интер.

На средбата со новинарите, Макс Алегри порача дека сега целта е топ четири пласман, и заборави да го вметне Интер помеѓу конкурентите.

„Треба да ја одбраниме нашата позиција во Серија А, да се погрижиме Милан и Рома да останат позади нас“ – рече предводникот на „Старата дама“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ