сабота, 27 јули 2024

Алегри: Дибала едно време почна да лета во облаци, мислеше дека е новиот Меси

Објавено на

часот

Сподели

По седум години во Јувентус, Пауло Дибала ова лето ќе замине од Торино откако „старата дама“ реши да не му го продолжи договорот, потег кој предизвика лавина на реакции.

Во разговор со ДАЗН, Макс Алегри смета дека Аргентинецот назадувал поради споредбите со Лео Меси.

„Пауло мора да биде оној стариот, имаше период кога почна да лета во облаци поради споредбите со Лео Меси. Еден фудбалер не треба да имитира или да мисли дека е ист како друг фудбалер, секој треба да игра на свој начин“ – вели тренерот на Јувентус.

„Дибала има уште многу да понуди бидејќи располага со извонредни технички квалитети, се работи за навистина добар фудбалер, но мора да се фокусира на сопствените физички и технички квалитети“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ