сабота, 27 јули 2024

Аљбин Курти го стави Рама на чекање

Објавено на

часот

Сподели

Најавено е и доаѓањето на европскиот комесар за проширување и соседска политика, Оливер Вархељи, пренесе албанската телевизија Репорт.

Според информациите учеството на состанокот го потврдиле премиерите на земјите од регионот, Црна Гора – Дритан Абазовиќ, Северна Македонија – Димитар Ковачевски, Србија – Ана Брнабиќ и претседавачот на Советот на министри на БиХ, Борјана Кришто, но сѐ уште не е потврдено дали косовскиот премиер Аљбин Курти ќе дојде на оваа неформална средба.

Рама пред неколку дена најави средба со премиерите од регионот, во рамките на неговата „балканска турнеја“.

Состанокот во понеделник се одржува во рамките на подготовките за Самитот на Берлинскиот процес, кој е најавен за 16 октомври во Тирана.

Берлинскиот процес започна во 2014 година на иницијатива на поранешната германска канцеларка Ангела Меркел со цел поврзување и интегрирање на земјите од Западен Балкан.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ