среда, 25 декември 2024

Албанскиот парламент му го укина имунитетот на поранешниот премиер Бериша

Пратениците на албанската опозиција не успеаја денес да го спречат одржувањето на седницата на парламентот на која е изгласано укинување на пратеничкиот имунитет на поранешниот премиер Саљи Бериша.

Објавено на

часот

Сподели

Пратениците на опозициската Демократска партија ги кренаа столчињата на говорницата која се наоѓа во центарот на парламентот и се обидоа да ги запалат, по што запалија факели.

Обезбедувањето ги спречи пратениците да запалат оган, а самиот Бериша одби да зборува и да се изјасни за предлогот да му се укине имунитетот.

Владејачката Социјалистичка партија која има 74 пратеници во парламентот, од вкупно 140 места, гласаше за укинување на имунитетот, што на обвинителите им овозможува од судот да побараат апсење на Бериша.

Опозицијата одби да учествува во гласањето, додека пред парламентот се собраа поддржувачите на партијата кои Бериша ги повика да се придружат на „борбата без враќање против авторитарниот режим“ на социјалистите.

Албанското обвинителство за борба против корупцијата побара укинување на пратеничкиот имунитет на поранешниот премиер бидејќи не се придржувал до наредбата да им се јавува секои две недели и да не патува во странство додека против него се води истрага за корупција.

Обвинителството во октомври наведе дека Бериша е осомничен за корупција во истрагата за приватизирање спортски комплекс, во корист на неговиот зет Јамарбер Малтези.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ