„Во овој извештаен период забележан е пад на увозот на стоки од Северна Македонија и тоа за 813 милиони лека(7,5 милиони евра). Според податоците, увозот резултира со бројки од 5,8 милијарди лека (53,7 милиони евра) наспроти 6,6 милијарди лека (61,1 милиони евра) колку што бил во првите пет месеци од 2022 година“, наведува ИНСТАТ.
Најизвезувани производи и понатаму се свежите производи: домати, краставици, свежа риба, свежо цитрусно овошје, производи од тесто итн.
Албанија и Македонија тесно соработуваат во рамките на спроведувањето на договорот ЦЕФТА 2006 година и од 2011 година трговијата меѓу двете земји е либерализирана и работи без царински давачки