сабота, 27 јули 2024

Албански фудбалер за малку не изгорел во своето Ферари, се запалил додека возел

Албанскиот репрезентативец, Елсеид Хисај кој игра за Лацио, имал крајно непријатна ситуација кога неговото Ферари вредно околу 160.000 евра се запалило додека возел.

Објавено на

часот

Сподели

Откако во италијанските медиуми се појави вест за несреќата, Хисај и самиот откри што точно се случило.

„Некои медиуми ја пренесоа веста за настанот што се случи пред неколку дена. Сакам да нагласам дека сум добро, како и луѓето кои беа со мене. Дефект на автомобил предизвика пожар додека се возев по улицата, веднаш ја забележав ситуацијата и застанав, за среќа, без повреди на луѓе или оштетување на други возила“, откри Хисај.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ